Дебелите луѓе тешко ја враќаат линијата

28 јули, 20110
debeli luge i tezina

Најголем дел од дебелите луѓе и после ригорозната диета брзо ги враќаат килограмите. Единственото решение е правилна исхрана и вежбање додека сеуште имате витка линија.

Истражувањето на британските научници спроведено на 25 000 луѓе покажува дека “јо-јо“ ефектот е присутен после многу диети и разни начини на губење на килограмите, па дебелите луѓе се наоѓаат во маѓепсан круг на дебелеење и слабеење.

Мажите се дебелеат рамномерно во текот на целиот живот, додека жените дебелеењето најчесто почнува полека, најчесто незабележливо, за да се разгори во средните години.

Многу малку од дебелите луѓе се враќаат на нормална тежина. Единствено решение за оваа катастрофална ситуација кое научниците го гледаат е да се избегнува дебелеењето. Значи, правилна исхрана и вежбање додека имате идеална тежина.

Една од причините зошто толку лесно се дебелееме е дека всушност, таложењето на маснотиите илјадници години било еволутивна предност. Проблемот со дебелеење е зголемен во дури во последниве 40 години. За жал на дебелите луѓе, тоа е многу мал период за да се активираат еволутивните процеси за борба против дебелеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit