На Косово пукано на Хрватските војници од КФОР!

28 јули, 20110
-

Хрватските пилоти на хеликоптер и екипажот не приметиле за време на летот било пукано врз нив, туку тоа го јавија копнените сили на КФОР, кои забележале оган од малокалибарско оружје.

По кратко затишје, ситуацијата на северот на Косово повторно драматично се заостри вчера попладне и вечерта. Граничниот премин Јариње измеѓу Косово и Србија во средата вечер горел, откако го запалиле група млади лица со маски на главите и дека локалната база на КФОР била во пламен откако на неа бил фрлен молотов коктел.

Српскиот претседател Борис Тадиќ итно повикал да се прекине со насилството. Како што пренела РТЦ, повеќе млади лица од српска националност побарала да се тргнат собраните луше од преминот, а потоа почнале да рушат и палат објекти.

Огнот најверојатно врз нив го отвориле припадниците на КФОР, откако им бил фрлен молотов коктел. Медиумите јавиле дека областа ја надлетувале хеликоптери, околу 20 часот американските војници од составот на КФОР го блокирале патот према Косовска Митровица. Агенциите јавиле дека околу 20 часот на граничниот премин Јариње владеел хаос, каде била нападната и телевизиска екипа.

Српскиот претседател Борис Тадиќ побарал веднаш да се престане се насилството во Јариње и да се воспостави мир, велејќи дека “хулигани кои предизвикуваат насилство не се оние кои ги бранат граѓаните ниту пак државата Србија.“

Хрватски хеликоптер кои пренесувал косовски полицајци кон северниот дел на границата, се отворило оган врз него од локалните срби, а нападот бил забелажан од КФОР. И хрватскиот министер за одбрана на Република Хрватска, Горан Грошниќ, изјавил дека ситуацијата на Косово е многу сложена во сериозна смисла.

Раководителот на белградскиот тим за дијалог со Приштина, Борислав Стефановиќ, меѓутоа, во средата изјавил дека не е исполнет договорот со КФОР, бидејќи силите на НАТО помагале на косовската полиција во презимањето на граничната точка.

Во средата околу 14 часот во Зубин Поток се огласиле и сирените за алармирање, а локалните жители масовно почнале да се собираат на блокадата кон административниот премин Брњак. Малку пред тоа на Косовска Митровица било прогласена вонредна состојба.

Во вторникот двете страни се обидуваа да постигнат договор и да ја смират тензијата, откако по акцијата на косовската полиција настрадал еден полицаец, а неколкумина биле повредени.

Српскиот државен секретар за Косово, Горан Богдановиќ и шефот на преговарачкиот тим за Косово Борислав Стефановиќ во средата пристигнале во Јариње, каде што се сретнале со командантот на КФОР, генерал Ерхард Буехлер.

Според Стефановиќ, било договорено србите да ги отстранат  барикадите на  патиштата во северниот дел на Косово, а за возврат на спорните гранични точки косовската полиција ќе постави етнички срби, припадници на својата единица, како што тоа било случај пред акцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *