Тогаш НАЈМНОГУ се дебелеете: Нутриционист открива дека не треба да ЈАДЕТЕ во овие часови

popara31 мај, 20221min00
hrana-2048x1365

Еве кои грицки ги предлага таа, наместо чоколади и чипс

Иако можеби мислевте дека можете да јадете во секое време од денот и дека тоа нема да влијае на вашата тежина, сепак сте се излажале.

Времето во кое јадете, всушност, игра голема улога во бројот на килограми.

Имено, австралиската нутриционистка Сузи Барел открива дека постојат три периоди во текот на денот кога не треба да јадете. Таа цитира студија на британска компанија за суплементи која покажала дека луѓето на диета внесуваат дополнителни 750 калории дневно во следните периоди: 11:01, 15:14 и 21:31 часот.

Барел објаснува дека ова е вообичаено време кога луѓето посегнуваат по ужина или грицки, кои често се висококалорични или погрешно избрани.

Таа истакнува дека е неопходно денот да се започне со добар појадок за да се одолее на желбата за храна околу 11 часот.

– Внесувањето на малку калории во првата половина од денот не е само поттик за глад и желба за храна подоцна, туку и отвора простор за прејадување подоцна во текот на денот – вели таа.

Сепак, Сузи вели дека здравата ужина, како што е јогуртот или овошјето, може да ви помогне да го задоволите гладот.

Слично на утринската желба за храна, попладневната желба, која обично се јавува помеѓу 15 и 16 часот, е честа појава, кога многумина се свртуваат кон нездрави опции бидејќи тие се брзо и лесно решение.

– За жал, видот на храната што ја поврзуваме со грицкање во овој период од денот има тенденција да биде слатка, како што се бисквитите, чоколадото или чипсот, поради што се чувствуваме незадоволни и веројатно ќе посегнеме по грицки до вечера – објаснува нутриционистката.

Таа препорачува во попладневните часови да се свртиме кон ужина која е богата со протеини како јаткасти плодови, зеленчук со хумус или крекери од ориз.

Неколку часа по вечерата, веројатно ќе сакате да јадете нешто слатко додека гледате телевизија или ја читате омилената книга, но Сузи тоа го опиша како „лоша навика“ што доведува до потенцијално прејадување. Ако навистина треба да јадете доцна закуска, тоа треба да биде бисквит, темно чоколадо или мала количина сладолед.

Сепак, најдобро би било да се воведе граница која означува крај на секое внесување храна, а таа советува тоа да биде во 20 или 21 часот.

Предлози за здрава ужина

Мешани јатки

Јогурт со бобинки

Парчиња јаболка со путер од кикирики

Протеинско смути

Темно чоколадо и бадеми

Парчиња краставица со хумус

Чиа пудинг

Пуканки

Тврдо варени јајца