Растопено виножито: Волшебна река до која пристапот некогаш бил строго забранет

popara1 јуни, 20222min00
62313634-cano-cristales-kolumbija

Реката Кано Кристалес е спектакуларно природно чудо што минува низ Мету, централна Колумбија.

Широка е дваесет метри, долга околу 100 километри и се смета за притока на реката Гвајаберо.

Неколку недели помеѓу сувата и влажната сезона, а под влијание на ендемичен вид алги што живее во коритото на реката „цвета“ и поцрвенува.

Повремено во ова „крваво“ црвенило има навестувања на зелено, жолто, сино и портокалово, поради што мештаните ја нарекуваат течно виножито или река од пет бои.

Иако е краткотрајна природна појава, многумина веруваат дека Кано Кристалес е најубавата река на светот.

Пристапот до оваа река некогаш бил забранет поради активностите на припадниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), но денес до неа се стигнува на коњ или пеш, а под водство на локален водич.

Како всушност изгледа Кано Кристалес во овие посебни недели од годината погледнете во нашата фотогалерија, и во видеото на Great Big Story.