Кралицата Елизабета Втора го слави платинестиот јубилеј, т.е. 70 години откако е на тронот. Седум децении владеење ја запишаа во книгите како најдолго владеечки монарх во историјата на Велика Британија, а за сето тоа време нејзин заштитен знак беа костимите со светли бои. Ова е причината зошто толку многу сака да ги носи
Ваквото облекување на кралицата Елизабета го достигна својот врв за време на прославата на нејзиниот 90-ти роденден во 2016 година, кога облече неонско зелена комбинација и стана предмет на бројни шеги на интернет поради споредбата со жабата Кермит од „Мапет шоу“.
Кралицата всушност има многу добра причина за ваквото облекување!
Имено, таа сака во секое време да биде препознатлива во толпата и секој нејзин поданик да може лесно да ја види без разлика колку е далеку од неа!
– Таа сака да се истакнува и да биде забележлива, за да може луѓето да кажат: „Ја видов кралицата“ – изјавила во една прилика Софија, грофицата од Весекс.
Ова звучи прилично егоцентрично, но всушност има многу трогателна приказна зад тоа. Имено, при преземањето на власта, тогаш многу младата Елизабет се заколнала дека ќе му служи на народот, а упатените велат дека таа улога ја сфатила многу сериозно и дека до ден денес се придржува до неа.
Носејќи лесно забележливи комплети, кралицата симболично му кажува на секој поданик во својата земја дека е таму за него и дека може да ја види.
„Мора да ме видат за да веруваат во мене“, рекла Елизабета Втора уште како девојка.