
Еве неколку совети за купување на очила кои ќе одговараат на вашето лице
Кога купувате очила за сонце, не мора да потрошите огромна сума на пари за да го купите токму моделот кој совршено ви стои. Важно е да изберете модел кој одговара на обликот на вашето лице и да изгледате привлечно и модерно.
Очилата понекогаш знаат да бидат многу скапи, па луѓето мислат дека ќе изгледаат добро. Тоа воопшто не мора да биде така. Понекогаш можете да ги најдете токму оние наочари кои ви одговараат без многу труд и без да потрошите многу пари, само треба да ги следите следните совети.
Доколку имате тркалезно лице, треба да изберете модел кој ќе го издолжи. Избегнувајте кружни очила, иако сега се многу популарни. Најмногу би ви одговарал широк модел со квадратна рамка.

Овалното лице е најлесно при изборот на очила за сонце. На луѓето со ваква форма на лице им стојат речиси сите модели на очила, но доколку сакате да се одлучите за благо квадратна рамка со заоблени рабови, не можете да погрешите.
Ако имате долгнавесто лице, треба навидум да го скратите. За тоа, квадратни и тркалезни рамки со поголеми димензии се можеби најдобриот избор.
На широката форма на лицето најмногу му одговараат таканаречените пилот очила или форма која изгледа необично за да се привлече вниманието кон очите.
Што се однесува до квадратната форма на лицето, потребни ви се очила кои ќе ги омекнат тие квадратни црти, а најдобар избор се големи тркалезни или овални очила за сонце со темни стакла.