Токсични партнери: Неколку начини како да се заштитите себе си

popara7 јуни, 20221min00
526314_opk_f

Чуството на заљубеност често може да ве натера да гледате на некоја личност како да е совршена и почнувате да ја идеализирате. Под овој наплив на емоции и пеперутки во стомакот, можно е сите недостатоци на другиот да ги опишете како безначајни, иако вашиот ум вели дека не се.

Токму во овој период е тешко да се забележат предупредувачките знаци, но кога ќе ги извадите розовите очила и ќе сфатите дека сте направиле погрешен избор, дека погрешно сте ја процениле личноста, тогаш е навистина потешко да се дистанцирате. Затоа е важно да работите на себе и на личниот развој, за да сфатите кои врски се вредни за вашиот труд, љубов и внимание.

Работете на вашата самодоверба

Токсичните луѓе секогаш се обидуваат да ја намалат вашата самодоверба. Тие ги користат вашите слабости против вас. Чувствуваат дека ви недостасува самодоверба, дека не можете да се борите за себе. Значи, ако сакате да престанете да привлекувате токсични партнери, мора да работите на себе. Луѓето кои веруваат во себе, се сакаат и знаат колку вредат, не можат да бидат фатени во нивната стапица.

Разберете дека е сосема во ред да бидете сами

Кога ќе разберете колку може да биде прекрасно кога сте сами, ќе сфатите дека не мора да правите отстапки и да се согласувате на врски кои се помалку од она што го сакате и заслужувате.

Не барајте изговори 

Кога имате ниска самодоверба и се плашите да бидете сами, тогаш немате сила и храброст да изразите се што не ви се допаѓа во однесувањето на вашата токсична личност. Наместо тоа, барате изговори за нејзиното однесување, а главниот изговор е љубовта. Не затворајте ги очите пред проблемот и разбудете ја во себе моќта на самољубие, кажете јасно: „Јас заслужувам повеќе од ова“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag