Атракција. Реално, атракции и знаменитости вклучуваат сè. Некои се навистина уникатни, така што е тешко да се најдат две Алхамбри или две Ајфелови кули, но некои од работите кои денес се сметаат за атракции, не се. Интересно е да се слушне гласот на народот, па наидовме на коментари од корисниците на веб-страницата Bored Panda. Најдобрите, кои беа разочарани од некои атракции, со задоволство ќе ги споделиме со вас.
1. “Иако Лувр е неверојатен – Мона Лиза беше огромно разочарување за мене. Тоа е релативно мала слика, која никогаш не можете ни да ја погледнете правилно бидејќи сте опкружени со орда луѓе. Има милион подобри работи во Лувр што можете да го видите“.
2. “The London Eye. Прескапо, и секогаш е преполно. Ако сакате добар поглед на Лондон, посетете ја катедралата Свети Павле. Многу е поевтино и поубаво, а ако можете да се качите по скалите, можете да одите до врвот и да уживате во прекрасниот поглед“.
3. „Мачу Пикчу. Им честитам на Инките што го изградија ова, но гужвата е страшна. Полна е со луѓе со стапчиња за селфи, а ако земете водич, буквално одите од место до место на секои три минути. Многу е подобро да го посетите главниот град на Инките – Куско. Таму ќе ја најдете и културата на Инките, без гужви.
4. “Операта во Сиднеј. Турите се скапи, а внатрешноста ќе ве разочара. Однадвор има многу подобар поглед, кој секако е потполно бесплатен. Наместо да ја посетите операта, прошетајте низ пристаништето во Сиднеј бидејќи прошетката е бесплатна и прекрасна“.
5. „Јапонците имаат толку романтизиран и идиличен поглед на Париз што со текот на времето развиле состојба наречена „Париски синдром“. Верувале или не, ја опишува реакцијата на Јапонците кога ќе сфатат дека Франција не е она што ја замислувале“.
6. „Казабланка, Мароко. Мислам, како е тоа најинтересното место во прилично фасцинантна земја? Се чувствувате како да сте во напуштен деловен кварт на брегот. Остатокот од Мароко? Дефинитивно одлично, Фез, Маракеш и Атлас планините се места за посета“.
7. “Таџ Махал е можеби најпознатата атракција во Индија. Сепак, тој е опкружен со високи ѕидови и влезот е неверојатно скап во споредба со другите атракции во Индија. Затоа, ако сте во Агра и сакате да го видите Таџ Махал, преминете ја реката. Покрај неа има одлично место со поглед на зградата, особено на зајдисонце, а голем плус е тоа што нема да имате проблем со гужвите“.