МЛЕКОТО во ПРАВ ја храни КОЖАТА! Намирница која се уште не сте ја пробале – богата со лактоза, ги отстранува мртвите клетки и темните дамки

popara8 јуни, 20221min00
298197_almonds-3636559-640_f

Освен за правење пијалоци и слатки, млекото во прав е одлично и за нега на кожата на лицето и телото

Оваа намирница е збогатена со лактоза, па е идеална за отстранување на мртвите клетки од кожата, а ефикасно ги лекува изгорениците и ги отстранува темните дамки од телото. Најдете ја оваа намирница во продавницата и пробајте ја за овие третмани.

За отстранување на мртвите клетки од кожата

Измешајте три лажици млеко во прав, една лажица маслиново масло, малку бадемово масло и неколку капки розова вода. Добро измешајте ги сите состојки. Смесата ставете ја на памучна газа, па на лицето. Оваа смеса ќе помогне да се отстрани вишокот нечистотија од кожата. Оставете ја маската да делува 15 минути и исплакнете со ладна вода.

За подобар тен

Измешајте една кафена лажичка млеко во прав и куркума. Нанесете ја смесата на лицето и вратот. Оставете половина час и исплакнете со вода, нежно масирајте. Користете ја оваа маска секој ден две недели за да постигнете подобри резултати.

Отстранува и „вештачки исончан тен“

Дамките кои настануваат по нанесувањето на крема за самопотемнување можете да ги отстраните со овој рецепт: измешајте две лажици млеко во прав и половина домат во блендер. Добиената паста ставете ја на деловите од телото од кои сакате да го отстраните „вештачкиот тен“. Оставете да отстои 30 минути и исплакнете со вода. Повторете двапати неделно или повеќе додека не се отстранат сите флеки на кожата.

За сува кожа

Изгмечете мало парче банана и додадете една лажица млеко во прав. Оваа смеса нанесете ја на лицето. Оставете да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

За отстранување на темни дамки

Млекото во прав реагира како пилинг и помага да се ослободите од мртвите клетки и митесерите. Измешајте две лажици рендана кора од портокал, две лажици млеко во прав и вода колку што е потребно за да добиете смеса слична на паста. Нанесете ја смесата на лицето и вратот. Измијте со ладна вода по 30 минути. Применете го овој третман два пати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma