За максимално да уживате со партнерот, избегнувајте ги овие намирници пред секс
Експертите открија дека храната што ја јадете непосредно пред интимниот однос и тоа како влијае на задоволството.
Затоа, неопходно е да се избегнуваат одредени намирници пред акцијата.
Салата и сиров зеленчук
Иако сировиот зеленчук е добар за здравјето, тој исто така може да биде тежок за варење и може да направи да се чувствувате подуено. Во никој случај не е јадење кое треба да го консумирате пред секс.
Познавањето на намирниците до кои треба да се држите и на кои треба да внимавате пред да ве зафати страста, може да направи голема разлика во тоа како изгледа вашиот секс, објаснуваат експертите. Одредени лиснати зеленчуци како зелката, прокељот и кељот содржат рафиноза, која е шеќер што телото не го вари додека не се ферментира од бактерии во цревата. Овој процес може да доведе до надуеност и гасови.
Зачинета храна
Дури и ако можете да се справите со силните зачини, тие создаваат рефлукс на киселина.
Зачинетата храна не е идеална увертира за секс, затоа држете се настрана од лутите зачини и сосови. Тие имаат потенцијал да ве одведат во тоалетот повеќе пати, а тоа во никој случај не е заводливо или секси, велат експертите.
Лук
Ако планирате секс со партнерот, треба да го избегнувате лукот не само поради лошиот здив, туку и затоа што лукот може да влијае на мирисот на другите телесни течности.
Грашок
Телото тешко го вари грашокот бидејќи содржи молекули на шеќер, што може да резултира со надуеност и гасови.
Гуми за џвакање и бонбони од нане
Ако сте на пат кон нечија куќа, тогаш можеби мислите дека ставањето бонбони со нане или гума за џвакање во уста ќе ги зголеми шансите за секси забава. Но, всушност грешите, велат експертите, бидејќи џвакањето без голтање создава воздух што ќе доведе до гасови во вашето варење. Ова потоа доведува до зголемена надуеност и повеќе подригнување од вообичаеното.
Сирење
Можеби изгледа романтично да се подели сиренцето исечено на коцки и малку вино – но може да ви ги попречи плановите за остатокот од вечерта. Посебно внимание треба да посветите на сирењето, особено ако вашето тело не ја поднесува добро лактозата.