Килијан Марфи сака да глуми во филмот за Peaky Blinders: „Мислам дека ќе бидам таму кога ќе дојде време“

popara14 јуни, 20221min00
birmingemska-banda-830x0

Актерот Килијан Марфи рече дека би бил „возбуден“, како и секој, да го прочита сценариото за популарниот филм „Peaky Blinders“.

Долготрајната серија на БиБиСи заврши на почетокот на оваа година по емитувањето на нејзината шеста сезона. Оттогаш, креаторот Стивен Најт вели дека „точно“ знае што сака да се случи во филм базиран на серија.

– Знам за што се работи и пишувам во моментов. Тоа е многу специфична приказна, базирана е на вистинска приказна од Втората светска војна и ќе биде раскажана на врвен начин – изјави неодамна Најт.

Во новото интервју за Deadline, Марфи, кој го играше Томи Шелби во серијата, беше прашан за потенцијален филм.

– Би бил возбуден, како и другите, да го прочитам сценариото. Но, мислам дека е добро сите да се одморат. Тоа е секогаш здрава работа и потоа можеме да се прегрупираме – изјави Килијан Марфи и додаде:

– Стив (Најт) е лудо зафатен и баран писател, но знам дека сака да пишува за „Peaky“ повеќе од се. Тој ги сака. Затоа мислам дека ќе бидам таму кога ќе дојде време, ако има уште приказни за раскажување – изјави Марфи.

Претходно, Најт изјави дека ликовите претставени во шестата сезона помагаат и во поставувањето на претстојниот филм.

Во интервју за Equire, писателот рече дека новите ликови во шестата сезона, кои треба да се појават на Нетфликс овој месец, ќе ја обликуваат насоката на филмот.

– Во шестата серија носиме нова генерација и тие ќе бидат дел од она што се случува во филмот… Филмот, точно знам за што се работи. И знам кои две приказни (филм) ќе ги раскаже. Како ќе се одвива приказната, не знам. Што ќе се случи потоа, сакам да зависи од филмот – изјави Најт, пренесува NME.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma