Каталонската палата која ги буди сите сетила: Повеќе од милион луѓе годишно ја посетуваат оваа уникатна градба

popara16 јуни, 20221min00

Љубителите на уметноста, културата и театарот треба да ја стават на својата листа Палатата на каталонската музика која се наоѓа во Барселона. Раскошната концертна сала е изградена на почетокот на 20 век, а со својот раскошен изглед потврдува дека е повеќе од достојна за шпанските, поточно каталонските улици.

Подигната е во чест на Пејачкото друштво Орфео Катала, кое ја предводеше каталонската културна ренесанса, а живиот ентериер добро го одразува радосниот дух на своето време.

Типични заоблени форми, украси и орнаменти, рапсодија на бои, бројни скулптури кои претставуваат ликови од делата на Вагнер и Бетовен или грчката митологија… Сето тоа ја прави оваа палата мелем не само за ушите туку и за очите.

Нејзината фасада визуелно станува уште побогата ноќе кога свети во светлата кои доаѓаат од галеријата, а интересно е што е единствената сала од ваков тип во Европа која преку ден се осветлува само од надворешна, односно природна светлина.

Палатата може да прими повеќе од 2.000 посетители, а недалеку од оваа има и мала палата која може да прими нешто повеќе од 500 посетители.

Поради својата убавина и значење, во 1997 година заврши и на листата на светско наследство на УНЕСКО во Европа, како единствен пример на модерна архитектура и комбинација од челик и стакло.

Ја посетуваат повеќе од милион посетители секоја година – дури и оние кои немаат навика да присуствуваат на концерти, со задоволство ја посетуваат Палатата на каталонската музика за да се восхитуваат на нејзините бои и форми. Така денес е можно да се посети палатата и надвор од „работното време“ како дел од тури кои се одржуваат на секој час.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma