
Резултатите од неколку студии се многу интересни
Ако ги игнорираме другите физички карактеристики, на кои мажите посветуваат многу внимание, бојата на косата на жената понекогаш е од клучна важност.
И тоа го потврдуваат бројни студии.
Секој маж има омилена боја на коса, за некои русокосите се секси, додека други мислат дека бринетите се без конкуренција.
Статистиката вели: Во едно британско истражување во кое учествувале 2.500 мажи, припадниците на посилниот пол ги избрале бринетите за убедливо најдобри љубовници, кои добиле дури 58 отсто од гласовите.
Нешто изненадувачки, русокосите добиле само 16 отсто од гласовите.

Потоа доаѓаат црнките со 12 и црвенокосите со 9 отсто од гласовите.
Тоа не е се, 42 отсто од испитаниците веруваат дека бринетите се најподготвени да пробуваат нови работи во кревет.
Меѓутоа, приказната драстично се менува кога станува збор за прељубата. Имено, дури 54 отсто од испитаниците тврдат дека русокосите се најневерни, додека бринетите добиле само 26 отсто од гласовите. Црната коса е на 12, а црвената на 8 отсто од гласовите.

Колку е важна бојата на косата, покажува истражувањето во кое неверојатни 67 отсто од анкетираните деловни жени изјавиле дека би вработиле бринета! Податоците стануваат уште поинтересни: 31 процент од природните русокоси ја промениле бојата на косата во кафена поради работа, а четвртина од нив добиле подобрување откако ја бојадисале косата!
Покрај бојата на косата, многу е важна и смислата за хумор, а тоа особено важи за жените. Во едно истражување, фасцинантни 24 проценти од жените признале дека би воделе љубов со забавен маж кој ги смее, дури и ако физички не ги привлекува.