
Слип фустаните се апсолутни господарки на летото, од сезона во сезона. Тие се високо на тронот и ова лето, а се чини дека изборот е поголем од било кога. Интересно е што сатенот првично се користел како материјал за тапацир, но брзо навлегува во модната сфера благодарение на својот луксузен изглед.
Неговата сјајна страна, истовремено гламурозна и шик, внесува дополнителна вредност на гардеробата, а при спомнувањето на сатен и фустани, невозможно е да не ги спомнуваме слип моделите, наметнати како модна класика.
Минималистичкиот фустан инспириран од долната облека од 1920-тите стана најпосакуваниот модел на таа деценија. Во женствени, едноставни фустани, Винона Рајдер и Кејт Мос позираа на црвените теписи, а една од најголемите модни икони, Каролин Бесет-Кенеди, го избра истиот модел за венчаница.
Фустанот го креираше тогаш се уште непознатиот Нарсисо Родригез и овој избор го шокираше модниот свет бидејќи изгледаше како премногу едноставен, моден избор за еден толку важен момент.
Тајната на успехот и долговечноста на овој фустан лежи во неговиот едноставен, но многу елегантен дизајн, а таа комбинација никогаш не е досадна, на што сме сведоци и оваа сезона.