
Моќните состојки на домашниот спреј ќе ги отстранат дури и старите тврдокорни дамки!
Рецептот е многу едноставен, а со производот што ќе го добиете можете да ги отстраните дамките од кое било потекло.
Што е најважно, овој производ не содржи никакви хемикалии кои можат да предизвикаат алергиска реакција на кожата на децата и возрасните.
Состојки:
- 1 шолја зовриена вода
- половина шолја сода бикарбона
- половина шолја хидроген (3%) кој можете да го купите во аптека
Подготовка:
Сода бикарбоната прелијте ја со врела вода. Почекајте да се излади и сода бикарбоната целосно да се раствори, па додадете водород. Сè добро измешајте и истурете во шише со распрскувач, а вашиот отстранувач на дамки е готов.
Испрскајте ја секоја дамка и оставете ја да делува неколку часа. Ако дамката е постара, натопете ја ткаенината во производот и оставете ја преку ноќ.