КРЦКАВО СОВРШЕНОСТВО: Направете топчиња со наполитанки, еурокрем и лешници! Никој нема да им одолее (РЕЦЕПТ)

popara28 јуни, 20221min00
Screenshot_3

Крцкавите чоколадни топчиња од наполитанки и еурокрем се најубавото нешто што ќе го пробате денес. А кога во оваа комбинација ќе додадете уште и лешници, задоволството е целосно.

 

 

Рецептот е супер едноставен и тоа е само плус за ова чоколадно совршенство.

 

Состојки:

 

  • 200 гр печени лешници
  • 200 гр наполитанки (чоколадо или лешник)
  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр путер
  • 100 мл стопен бел еурокрем
  • 50 мл млеко

 

Подготовка:

 

Сомелете ги печените лешници, бисквитите, наполитанките, па измешајте со растопен путер и стопен бел еурокрем. На крај додадете го млекото и соединете ја масата.

Направете топчиња и потопете ги кратко во ладно млеко и печени лешници (не заборавајте, половина од лешниците влегуваат во тестото, а половина за валкање). Друг начин е да ги валкате во стопен еурокрем и лешници.

Пред сервирање, ставете ги топчињата во фрижидер да се стегнат.