Пол Макартни виртуелно со Џон Ленон го испеа хитот на Битлси: „Повторно сме заедно“
Пол Макартни виртуелно го изведе дуетот „I’ve Got A Feeling“ со Џон Ленон (чии снимки беа објавени на екранот) за време на настапот на фестивалот Гластонбери пред неколку дена.
Обраќајќи им се на публиката, Макартни откри дека идејата е на Питер Џексон, режисерот на документарниот филм на Битлси „Get Back“, кој се базира на студиски сесии за последниот албум на бендот „Let It Be“.
„Имам посебна ситница овде“, рече Макартни, претставувајќи ја песната и продолжувајќи.
– Еден ден ми се јавува Питер Џексон и ми рече дека може да го земе вокалот на Џон и да го изолира за да можам да свирам во живо со Џон на турнеја. Тој рече, „дали ти се допаѓа?“. Тоа е многу посебно за мене, човеку. Знам дека е виртуелно, но – тоа е Џон. Повторно сме заедно – изјавил Макартни, пренесува NME.
Погледнете како тоа изгледаше: