
Кога „соцето ќе блесне“ многу жени се откажуваат од својата убава, бујна и распуштена коса, од сосема оправдана причина.
Долгата и распуштена коса едноставно ги загрева лицето и вратот и на тој начин создава чувство на уште поголема топлина и уште поголема непријатност.
Косата сама по себе е немирна, се движи кога одите или кога дува ветер, па не е невообичаено да се залепи на вашето испотено лице.
За да ја скротите, потребно ви е само малку гел или лак за да го измазните предниот дел од косата. Оваа сезона популарен е и гел кој на косата и дава природен сјај.
Изборот на фризури е речиси неограничен, а единствената поента е што косата до коренот ви е мазна и уредна, додека со останатото можете да правите што сакате.
Не би било лошо да се спомене дека оваа сезона влажниот изглед повторно е во тренд, па можете да креирате и тренди фризура за секојдневна прошетка, поформален настан или вечерно излегување.
Пунџата е идеално решение за летните горештини. Уредна и елегантна фризура, одлична за деловни и свечени прилики. Покрај тоа, целосно е практична. Значи, потребно е само да ја соберете косата во соодветна форма, додека на предниот дел од косата ќе нанесете препарати кои ќе овозможат косата да остане на своето место.
Можете да сплетете и плетенки, кои ќе ја задржат косата на место и ќе ве подмладат. Изборот е неограничен, со соодветниот лак или гел, кој треба да го нанесете со лесно движење на раката, од коренот до краевите.