
Размислете следниот пат
На сите ни се случува во одреден момент да ни исчезне нешто од шминката, па нашата пријателка да ни ја позајми својата, но колку е тоа хигиенско и добро за нашето здравје?
Посебно се нагласува дека маскарата треба да биде лично наша бидејќи постои можност да се заразиме со конјунктивитис.
Опасности од прашински грини
Многу студии пронајдоа податоци дека грините се наоѓаат и на трепките. Грини се микроскопски организми кои се хранат со мртвите клетки на кожата околу трепките и очните капаци. Тие се природно присутни во фоликулите на косата и се главно безопасни, но ако носите ајлајнер или маскара или користите четки за сенки, грините се префрлаат на вашата шминка.
Доколку забележите чешање придружено со црвенило околу очите, треба да посетите очен лекар за да проверите дали постои ваков тип на инфекција.