Светски ден на чоколадото: Како омилениот десерт влијае на здравјето?

popara7 јули, 20221min00
Screenshot_1

Денеска е Светски ден на чоколадото. Ако сте љубители на чоколадо и не можете да си го замислите животот без чоколадо, денес е денот кога треба да ја искажете вашата љубов и да му се препуштите на задоволството.

 

 

 

Секоја година овој ден се слави како Ден на чоколадото, кое влезе во Европа во 1550 година. Денот првпат беше одбележан во 2009 година.

 

Не само на овој ден, туку и на кој било друг ден чоколадото е една од оние работи што едноставно не можете да престанете да ги јадете. Иако велите дека ќе изедете само една коцка, на крајот ќе изедете пет или целото чоколадо. И можеби поради оваа причина, чоколадото е најбараната храна во светот.

 

Но, што се крие зад желбата за чоколадото?

 

Една од причините зошто копнееме по чоколадо е затоа што прави да се чувствуваме подобро и посреќни. Чоколадото произведува многу трансмитери на „добро чувство“ како што е допаминот во одредени региони на мозокот, вклучувајќи го хипокампусот, фронталниот лобус и хипоталамусот. Допаминот е истата хемикалија што се ослободува кога ќе искусите нешто во што уживате. На пример, тоа може да биде освојување награда или гледање на вашиот омилен филм. Овие „чувства“ што ги добиваме кога јадеме чоколадо се поради тоа што нашиот мозок ослободува допамин и други „позитивни“ хемикалии.

 

Она што го предизвикува ова ослободување на допамин може да биде поттикнато и од генетски фактори. Сепак, тој одговор се менува врз основа на вашите специфични преференции во однос на одредени животни искуства. Ќе се изненадите, но постојат луѓе во светот што не сакаат чоколадо.

 

Истражување од 2018 година покажува дека консумирањето одредени видови темно чоколадо може да придонесе за ослободување од стрес. Наодите покажаа дека темното чоколадо содржи високи концентрации на какао, што може да има позитивни ефекти врз нивото на стрес, врз воспаленијата, расположението, меморијата и имунитетот. Фалвоноидите што се наоѓаат во какаото може да бидат исклучително добри антиоксиданси и антиинфламаторни агенси, кои имаат механизми кои се корисни за мозокот и кардиоваскуларното здравје.

 

Недостигот на магнезиум може да биде уште една причина зошто некои од нас копнеат по чоколадо. Желбата за чоколадо сигнализира на недостиг на магнезиум. Јадењето темно чоколадо со добар квалитет, по можност органско и со повеќе од 70 отсто какао, може да се покаже како корисно.

 

Ова може да биде уште една причина зошто жените повеќе сакаат чоколадо од мажите бидејќи експертите велат дека 80 отсто од жените имаат недостиг на магнезиум. Иако чоколадото не треба да биде примарен начин за зголемување на нивото на магнезиум во вашето тело, секако може да ги задоволи потребите на вашиот организам.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma