АКО САКАТЕ ДА СПИЕТЕ КАКО БЕБЕ, ОВА СЕ СОВЕТИТЕ!

popara7 јули, 20221min00
Screenshot_2

Различни етерични масла имаат различна намена во ароматерапијата, а следниве три помагаат побрзо да се опуштите и полесно да заспиете. Лаванда Маслото од лаванда има долговековна примена и е едно…

 

 

 

Различни етерични масла имаат различна намена во ароматерапијата, а следниве три помагаат побрзо да се опуштите и полесно да заспиете.

 

Лаванда

 

Маслото од лаванда има долговековна примена и е едно од најпопуларните етерични масла. Во Стар Рим го користеле како антисептик.

 

Неговите ефекти се: смирување, орасположување, смирување на стресот и депресијата, може да се користи како антигабично и антибактериско средство, ја олеснува мигрената и ги смирува симптомите на ПМС.

 

Камилица

 

Камилицата е позната и по лековитите и по смирувачките својства. Многу често ќе прочитате дека чајот од камилица помага полесно да заспиете.

 

Етеричното масло од камилица смирува, го намалува стресот, помага при главоболки и мигрена, а има и антивоспалителни својства.

 

Иланг-иланг

 

Во ароматерапијата се користи долго време, додека лековитите својства биле откриени во текот на минатиот век. Во првите пет години дрвото не цути, но потоа може да даде и до 45 килограми цвет годишно.

 

Аромата на иланг-иланг помага при несоница, го стабилизира крвниот притисок и е одлично кога треба да се изборите со напнатоста и растревоженоста.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma