Според авторот на илузијата, дури 63 отсто од луѓето гледаат зелена чанта, додека 37 отсто ја гледаат како сина.
Веруваме дека се сеќавате кога пред неколку години на интернет се појави фотографија од фустан и стана предмет на најголемата дебата досега.
Имено, едни видоа црно-син фустан, а други бело-златен. По размислување, дискусии, па дури и расправии, било утврдено дека се работи за црно-син фустан.
Ако мислевте дека никогаш повеќе нема да мора да се расправате за бојата на одреден предмет, се лажете.
За вас подготвивме оптичка илузија во која главната ѕвезда е чанта, а која боја е? Ваше е да процените.
Според авторот на илузијата, дури 63 отсто од луѓето гледаат зелена чанта, додека 37 отсто ја гледаат како сина.
Бавин Шах е еден од авторите на илузијата кој објасни дека повеќето оптички илузии функционираат затоа што „нашите очи добиваат оптички информации од светлината и нашиот мозок еволуирал за да создаде реалност врз основа на тие информации“.
– Не постои точно решение. Се е до перцепцијата и прекршувањето на светлината – заклучил тој.