На социјалните мрежи фотографиите од патот во кањонот Морача предизвикуваат најразлични коментари: Пат на смртта, ужас, кога ќе го изградат тој автопат, избегнувајте го на дожд…
Реката Морача во Црна Гора извира на северот на земјата, во подножјето на планината Ржача и по пат од 113 километри се влева во Скадарското Езеро. Не е голема река, но нејзиниот пат и пејзажот низ кој минува се доволно убави за да станат една од најубавите разгледници на Црна Гора.
Има и еден дел кој е особено опасен. Тоа е кањонот на реката Морача – спектакуларен, но и застрашувачки, длабок 1000 метри. Покрај тоа, тој се смета за еден од најопасните патишта во Европа. Поради многубројните карпи, острите свиоци и тунели, овој пат не се препорачува за возачи почетници или за оние кои не се сигурни.
За жал, овде веќе се случиле бројни сообраќајни несреќи – некои ќе кажат дека е виновно невниманието на возачот, но други ќе додадат дека и самиот пат навистина не е лесен. На социјалните мрежи фотографиите од патот во кањонот Морача предизвикуваат најразлични коментари: Пат на смртта, ужас, кога ќе го направат тој автопат, избегнувајте го на дожд…
Од друга страна, оние кои ќе се осмелат да тргнат по овој пат би можеле да доживеат некои од најубавите глетки: карпи, каскади, река, зеленилото на околните ридови… А на брегот на кањонот се наоѓа и стариот манастир Морача од 13 век, една од најубавите знаменитости на Црна Гора.