Меѓу светските лидери има и такви кои не се придржуваат премногу до она што се очекува кога е стилот во прашање, а една од нив е најмладата премиерка на Финска, триесет и шестгодишната Сана Марин.
Имено, таа неодамна присуствуваше на музичкиот фестивал „Ruisrock“ и по тој повод привлече големо внимание и кај оние кои ја поддржуваат нејзината партија и кај опозициските поддржувачи.
Заедничко за сите и за што сите се согласуваат е дека нејзиниот стајлинг е донекаде необичен ако се има предвид позицијата што ја има во државата.
Таа била на концертот на финската пејачка Елинор, а за таа прилика облекла кратки тексас шорцеви, кожна јакна и црни чизми.
Под нејзината фотографија имаше коментари: „Толку кул“, „Легенда“, „Таа е икона, таа е легенда, таа е „тој момент“.
За оние кои не знаат, Сана е најмладата премиерка во историјата на својата земја, а на светската политичка сцена се истакна по борбата за правата на жените и родовата еднаквост.