Брзинско лекување на главоболки, настинки, алергии и останати летни неволји.
За сите тие болки ви претставуваме брзински решенија.
Топло-ладно против главоболка
Главоболката знае да биде досадна болка, а многу често не сакаме да се напиеме таблета или ја немаме со себе на летовање. Истуширајте се наизменично со топла и ладна вода, бидејќи промената на температурата доведува до подобра циркулација и поголем довод на кислород. Не заборавајте течности, можеби ве боли глава поради жед.
Солена вода против настинка
Било море или засолена вода од чешма, идеална е во борбата против настинка. Едноставно исплакнете го носот со солена вода. Освен што ќе го исчистите запушениот нос, ќе ги дезинфицирате вирусите.
Чоколадо против дијареа
Најдобро и најздраво е темното чоколадо, со што повисок процент какао. Тоа не е само добар совет од мајките и бабите, туку го докажаа и многу истражувања.
Движење против страв
Кога имате страв пред летање, пат, било што, најдобро е со движење да го исфрлите адреналинот, па стресот и стравот ќе ви бидат поподносливи. Пред влегување во авион можете да прошетате на терминалот или скриени од минувачите, да скокате за да се “испукате“ и мирно да го сторите тоа што ве чека.
Балсам и вазелин против плускавци
Планинаревте цел ден, а кога стигнавте дома откривте нов плускавец на стопалото. Пред спиење намачкајте го местото со балсам или вазелин.
Болни уши
Често после активности во море или базен се воспалуваат ушите. Тоа се случува поради остаток од вода во нив или поради хлорот, кој е најчеста причина за воспаление. После секое капење измијте ги ушите со свежа вода. Ако воспалението се активирало, загрејте маслиново масло и така врело со помош на памук држете го во ушите додека не излади.
Рузмарин за крвен притисок
Кога е топло, крвниот притисок знае да прави проблеми, а за тој проблем одлично решение е рузмарин. Испијте го како чај или направете си топла бања.
Спиење со ладно шише
За време на големите жештини, понекогаш ноќите знаат да бидат многу топли и да не дозволуваат да заспиеме. За да ја намалите температурата на телото, држете покрај креветот шише со ладна вода, кое повремено ќе го ставите на вратот или стомакот.
Пазете се од сончев удар
Штом почувствувате топлина и пулсирање на главата, веднаш тргнете се од сонцето. На главата нанесувајте ладни облоги, а доколку по неколку часа имате висока температура, обратете се кај вашиот лекар веднаш.
Црниот чај ги ублажува алергиите на сонце
Наједноставната прва помош против алергија на сонце е црниот чај, кој на кожата се нанесува како ладна облога.
One comment
Pero Gajoski
7 август, 2011 at 11:41
odlchni vi se artiklive , sekoja chest