
Мала доза на љубомора во врските, па дури и во пријателствата е нормална, но има и такви луѓе што тешко ја контролираат нивната љубоморна страна. Поблагата форма на љубомора сосема во ред и доказ за постоење на емоции.
Но, потешките форми воопшто не се здрави и може многу да влијаат на животот на една личност. А според хороскопот, ова се 3-те најљубоморни знаци:
- Скорпија
Претставниците на овој знак се песимистички и недоверливи, па затоа е тешко за нив да одржуваат врски и пријателства затоа што секогаш размислуваат однапред што може да се случи и што би можело да тргне наопаку. Тие се прилично посесивни и не можат да издржат да бидат одвоени од луѓето за кои се грижат. Тие лесно стануваат агресивни и неподносливо љубоморни.
- Јарец
Јарците никогаш не се целосно задоволни од својот живот, па затоа постојано размислуваат за какво би било да се биде некој друг и така, тие секогаш мислат дека другите се подобри од нив. Тие сметаат дека е тешко да се преживее во врските затоа што постојано размислуваат за тоа што може да се случи со нивниот партнер и дали се доволно добри за истиот. Поради нивната несигурност, тешко им е да одржат сериозни врски.
- Близнаци
Со интензивната љубомора, Близнаци ги изразуваат свои несигурности, кои ги има навистина многу. Близнаците не се идеални луѓе за долгорочни врски, бидејќи тие обично се многу негативни и параноични. Сакаат да ги контролираат работи, но исто така и луѓето и не се грижат за конкуренцијата. Ако им укажете на нивното љубоморно однесување, тие можат само да ве остават без објаснување.