ХОРОСКОП ЗА 25-ТИ ЈУЛИ: Лавовите ќе бидат натрупани со обврски, а на Овните им се враќаат луѓе од минатото

popara25 јули, 20221min00
2ab1dd6e32ee1c401675d1bd7c222c6064fe167c

ОВЕН

Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да го освежите контактот со луѓето кои претходно сте ги елиминирале. Вашата уверливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете и одговорност која не е ваша.

БИК

Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја пренесете и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

БЛИЗНАЦИ

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши некои проблеми, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

РАК

Доколку успеете да го започнете денот без одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не вклучувајте пријатели во вашите напори, решете ги вашите проблеми сами.

ЛАВ

Се трудите да ги завршите обврските кои амбициозно сте ги презеле на себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта вашиот оптимизам и чувство дека на крајот се ќе заврши на најдобар начин за вас. Вооружете се со трпение и внимавајте на повредите.

ДЕВИЦА

Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите проблеми и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките кои би можеле да ги направите денес би биле непоправливи во иднина.

ВАГА

Оптоварени сте со љубовниот живот. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во кое западнавте во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.

ШКОРПИЈА

Опкружени сте со луѓе кои упорно ви кажуваат што и како да правите. Иако не сте побарале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не е како вас да размислувате со туѓа глава, дистанцирајте се на време.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема и ќе се вратите освежени.

ЈАРЕЦ

Вие сте мајстор во оптоварувате со работа, но прашање е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради преголема несигурност и болка, вие прифаќате на ваша штета се што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.

ВОДОЛИЈА

Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.

РИБА

Фокусот е на семејните односи, без разлика дали се работи за вашето семејство или вашиот партнер. Пожртвуваноста е нешто што ве разликува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Слободното време повеќе би сакале да го поминете на хобија.