Добијте совршена фризура во само неколку чекори
Колку пати сте направиле совршена пунџа токму кога знаете дека ќе останете дома цел ден?
А кога одите на работа, пунџата никогаш не може да излезе како што треба и да остане на своето место.
За да не ви се повтори ова, познат фризер откри како секогаш да направите разбушавена пунџа која не бара многу труд, а сепак ќе изгледа прекрасно.
Крис Еплтон е фризер на многу познати дами, меѓу кои се и Ким Кардашијан и Дуа Липа, како и Џенифер Лопез. Откри како да постигне совршен ефект на разбушавена пунџа.
Имено, доволно е косата да ја врзете со ластиче во високо опавче, па да ја „обвиткате“ косата така што ќе го покриете стегачот и ќе ја зацврстите со друго, потенко ластиче. Извлечете неколку прамени за волумен во пунџата, а потоа поставете ги краевите околу пунџата за поцелосен, подраматичен изглед.