Како Малдивите да не се доволно егзотична дестинација – замислете море кoeшто свети.
Да, не е шега – оваа необична појава може да се види на островот Вад на Малдивите.
Најдобрата шанса да го видите морето што свети е во периодот помеѓу јули и февруари.
А, магичната сина светлина доаѓа од биолуминисцентните планктони, кои ја испуштаат оваа неверојатна магија.
Овој дел од Малдивите се нарекува и „Море од ѕвезди“, а магичната сина светлина привлекува туристи од целиот свет.