Оладете се и без КЛИМА: Научете ги овие паметни трикови и заборавете на топлината

popara26 јули, 20221min00
Screenshot_2

Дека клима уредите не се здрави секако е докажано

 

 

 

Летните ноќи знаат да бидат многу тешки, а деновите уште пет пати потешки, кога температурите растат и ѕидовите се загреваат, па затоа е невозможно да заспиете во текот на ноќта.

 

Доколку немате клима или едноставно не ја користите, постојат начини да се разладите без да ја користите

 

Паметно поставете ги вентилаторите во просторијата

 

Вентилаторите не го ладат воздухот сами по себе, туку дозволуваат воздухот да тече насекаде во просторијата, затоа никогаш не го ставајте вентилаторот веднаш до прозорецот. Подобро е да го поставите до отворена врата од просторијата или ходникот за да може поладен воздух од ходникот да влезе во просторијата со помош на вентилаторот.

 

Комбинација од мраз и вентилатор

 

Доколку сакате дополнително освежување, ставете кофа полна со мраз пред вентилаторот. Како што се топи, вентилаторот ќе шири ладен воздух и ќе биде многу попријатен престојот во просторијата.

 

Ставете влажна крпа на прозорецот

 

Отворен прозорец и влажна крпа го прават истото како мразот и вентилаторот. Пред да легнете, отворете го ширум прозорецот и ставете влажна крпа преку него. Така наместо топол воздух во просторијата ќе влезе малку постуден.

 

Спијте во памучна постелнина

 

За време на топлите ноќи, отстранете ги сите заштитни ќебиња, перници и јоргани. Тие ја задржуваат топлината. Во текот на летото потребни ви се само памучни ќебиња, кои се потенки и полесни. Памукот е материјал пропустлив за воздух и е пријатен за кожата, а бидејќи има многу видови, најдобро е да изберете од чист памук.

 

Хидрирајте се

 

Еден од најдобрите начини да се разладите во текот на летото е да ја намалите телесната температура со пиење што повеќе вода. За да ви помогне да заспиете пред спиење, испијте чаша вода. Не претерувајте, бидејќи тогаш сонот ќе ви го наруши тоа што често ќе станувате да одите во тоалет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma