Пари, боја, елемент и паричник – можеби изгледаат неспојливо, но фенг шуи вели дека тие одат заедно. Состојбата во паричникот зависи од бојата, која е врзана за вашиот елемент
Ако сакате финансиски да напредувате, тогаш внимавајте во каков паричник ги чувате парите. Тоа би требало да биде една од петте бои на фенг шуи, а која е точно за вас зависи од тоа кој елемент сте во кинескиот хороскоп.
Откако ќе дознаете кој елемент сте според датумот на раѓање, тогаш видете во која боја треба да биде вашиот паричник за да внесете изобилство и богатство во вашиот живот.
Темно син паричник
За луѓето чиј елемент е дрво или вода – оваа боја симболизира изобилство, а луѓето родени во елементот оган или метал не треба да имаат паричник во оваа боја.

Црн паричник
За луѓето чиј елемент е дрво или вода – во паричник во оваа боја треба да чуваат пари ако сакаат да повикаат просперитет во нивниот живот.
Црвен паричник
За луѓето чиј елемент е оган или земја (со вода и метал има послаб ефект) – оваа боја е позната уште од античко време дека привлекува богатство и изобилство. Многу брзо ја неутрализира негативната енергија.

Зелен паричник
За луѓе чиј елемент е дрво или оган – оваа боја е одличен избор доколку сакате нов финансиски почеток, без разлика што се случувало во минатото.
Кафеав паричник
За луѓето чиј елемент е земја или метал – оваа боја носи богатство и е најзастапена меѓу паричниците, но не треба да ја носат луѓе родени под елементот оган или вода.