Српски наркобос од Косово се смета дека е одоговорен за нападот и палењето на граничниот премин Јариње во северниот дел на земјата, каде по блокадите на патот немирите ескалираа.
Нападот и палењето на самиот граничен премин, според разузнавачките служби и безбедносните агенции, го организирал србин, локален бос на криминални групи кои се занимваат со шверц на дрога и други стоки, пренесува Блиц.
Локалниот бос бил познат на полицијата од порано и тоа по најлоши криминални дела.
Поради шверц со дроги тој бил уапсен во 2003 година, а две години подоцна повторно бил приведен поради кражби на автомобили.
Нападот веројатно го организирал за да се искомплицира ситуацијата на премините, бидејќи не му одговара поставувањето на албански царински службеници.