Освежете ги просториите
Во последно време, доколку ви требаат одредени трикови и совети, особено кога станува збор за уредување и средување на вашиот дом, најлесно е да ги посетите социјалните мрежи.
Една жена сподели феноменален трик за освежување и мирис на собите, кој воодушеви голем број луѓе.
Потребна ви е рерна и два до три лимони. Пред да си легнете, исечете неколку лимони на половина, па ставете ги во исклучена, но загреана рерна и оставете ја вратата отворена.
Кога ќе станете наутро, затворете ја вратата од рерната и вклучете ја само неколку минути. Потоа исклучете ја рерната и отворете ја вратата. Овој трик ќе ви помогне домот да мириса одлично, а што е уште подобро, нема да видите ниту еден инсект.