На свој начин одговори дека е во љубовна врска со сопругата на основачот на Google: Една фотографија докажа сѐ!

popara29 јули, 20221min00
62348441-elon-musk

Илон Маск и се обрати на јавноста по обвинувањата дека спиел со сопругата на основачот на Google, Сергеј Брин и објави нивна заедничка фотографија.

Илон Маск, светскиот милијардер и основач на Tesla, беше мета на обвинувања дека спиел со сопругата на основачот на Google, Сергеј Брин, и дека тоа е една од причините за нивната разделба.

Медиумите пренесоа информација дека Маск го молел Брин на колена за прошка и Брин му простил, а пред тоа наводно не биле во контакт со месеци.

Сепак, сите овие тврдења Маск ги демантираше со нова фотографија. Решил да стави крај на лагите и испратил заедничка фотографија на која тој и Сергеј одлично се забавуваат, до редакцијата на The New York Post.

Не е познато кога е направена фотографијата, но се претпоставува дека Маск и Брин биле заедно на Миконос минатата недела.

у

Освен тоа, Маск крена прашина со објави на својот Твитер профил во кои пишува дека немал секс со месеци.

„Тотална невистина. Немам секс со месеци (воздишка)“, напиша тој во еден од низата статуси.

„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно. Ја гледав Никол два или трипати годишно, секој пат со многу луѓе околу нас. Воопшто не е романтично“, саркастично напиша сопственикот на Tesla.

Тој во своите статуси жестоко го нападна и порталот The Wall Street Journal, пишувајќи дека веќе неколку пати се обиделе да го саботираат него и неговата компанија и наведе дека паднале многу ниско, иако треба да одржуваат високи стандарди на новинарство.

Имено, извори блиски до Сергеј Брин открија за The Wall Street Journal дека милијардерот поднел барање за развод од сопругата еден месец откако дознал дека таа спиела со Маск.

Никол бара развод од 1 милијарда долари, наведувајќи како била принудена да потпише предбрачен договор со Сергеј, чие богатство се проценува на 94 милијарди долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma