Крис Рок не сака ниту да слушне за извинувањето на Вил Смит: Комичарот сè уште е навреден од скандалот со шлаканицата!

popara3 август, 20221min00
2980439_vil-smit_ff

Крис Рок продолжува да се потсмева со Вил Смит, игнорирајќи го второто видео извинување на актерот којшто му удри шамар додека Рок зборуваше на сцената на 94-тото доделување на Оскарите во Холивуд.

Комичарот Крис Рок не го спомна новото извинување на актерот Вил Смит додека беше на сцената во Атланта во петокот. Тој индиректно се осврна на необичниот холивудски скандал, истакнувајќи дека следниот ден отишол на работа откако „Suge Smith“ му удрил шлаканица.

Прекарот што му се залепи на актерот, се однесува на Марион „Суџ“ Најт, поранешен шеф на издавачка куќа позната во САД по нејзиното агресивно однесување.

Претходно, Вил Смит повторно му се извини на Крис Рок и во новото шестминутно видео, признавајќи дека неговото однесување е неприфатливо, откри дека веќе му се обратил на комичарот за да разговара за инцидентот, но тој му рекол дека „не е подготвен за тоа“.

Комичарот го објави ова како дел од неговата светска турнеја Chris Rock Ego Death. Наместо да одговори на неговото извинување, тој продолжи да се шегува за инцидентот.

– „Сите се трудат да бидат жртви. И доколку сите тврдат дека се жртви, тогаш никој нема да ги слушне вистинските жртви! Ете, мене ме удри „Суџ“ Смит… Следниот ден отидов на работа, бев со децата.“

Подоцна, сепак, тој додаде:

– „Секој што ќе каже дека зборовите удираат, никогаш не бил удрен по лицето!“

Смит го нападна откако Рок даде непримерни коментари за неговата сопруга, Џејда Пинкет Смит. Грубата шега на Рок за неа потсетуваше на филмот GI Jane од 1997 година, во кој актерката Деми Мур си ја избричи главата.

Сè уште не е јасно дали комичарот навистина бил свесен дека Џејда има алопеција, автоимуна болест која предизвикува опаѓање на косата, кога грубо се пошегува со неа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma