ОВЕН
Подгответе се за акумулација на обврски и проблеми на работа. Нерасположени сте и нема да дозволите вашите соработници да ви „скокаат“ по нервите. Бидете подготвени да ја спуштите топката во деловниот сегмент, но и во односот со саканата личност.
БИК
Пред вас се многу напнати моменти, не само во деловниот, туку и во емотивниот сегмент. Едвај успевате да комуницирате со луѓето околу вас. Мислите дека другата страна е тврдоглава, но не сте ништо подобри ниту вие.
БЛИЗНАЦИ
На дневен ред доаѓаат некои работи и обврски кои не сте ги завршиле во претходниот период. Подгответе се за критики, но и за борба со ситуации кои нема да ви бидат лесни. Мора да бидете стабилни и цврсти и да направите се што можете за да го решите ова.
РАК
Сè се одвиваше точно како што треба и одеднаш настана збрка. Сè што може да пукне, ќе пукне, а комуникацијата со луѓето со кои работите е прилично лоша. Згора на сето ова – односот со саканата личност варира.
ЛАВ
Одлично е што ќе имате доволно сила за се што е на дневен ред денес. Не е супер што ќе се нервирате. Вклучете се на работа правејќи го она што треба да го направите. Добриот контакт со саканата личност ви дава мотив да го продолжите денот.
ДЕВИЦА
Доколку претходните денови мислевте дека сте блокирани за некои прашања, денес веројатно ќе сфатите што значи да не можете да го направите она што сте го планирале. Не бидете тврдоглави, приспособете се. Лоша комуникација со партнерот.
ВАГА
Денеска се можни финансиски загуби, па чувајте повеќе сметки – особено ако работите со пари. Комуникацијата во деловниот сегмент е напната. Бегајте од вашите проблеми во прегратките на саканата личност, емотивно сте сосема добро.
СКОРПИЈА
Прифатете дека ова е напорен ден на работа. Не можете да го подобрите со тоа што ќе бидете нервозни, но можете да направите нешто со тоа што ќе се посветите на задачите кои ви се приоритет. Бидете внимателни со саканата личност, бидејќи можете да создадете кавга и проблем.
СТРЕЛЕЦ
Многу работи во вашиот бизнис ве нервираат, ве заморуваат и ви одземаат нерви, но ако гледате реално – вашите планови се одвиваат солидно. Затоа, тргнете ја нервозата на страна и потрудете се да се справите со вашите обврски. Добар контакт со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Колку и да апстиниравте во претходниот период, сега веќе нема. Подготвени сте да отворите оган со сето оружје врз некои луѓе и сигурно е дека ќе бидат збунети од вашите реакции или ќе се повлечат. Емоционално – добро.
ВОДОЛИЈА
Некоја работа ви дојде неочекувано, но не сте сигурни дали ќе успеете да ја вклопите во вашиот напорен распоред. Можеби можете, ако навистина се обидете. Страсти и искри во врската со саканата личност. Си се допаѓате еден со друг.
РИБИ
Можеби имате различни планови, но претпоставениот ви дал задача и ќе мора да ја исполните. Совет е да продолжите да си мрморите и да не ги инаетете оние од кои зависите. Расправија со партнерот околу непланирани трошоци.