Кај луѓето кои живеат посеверно, во процесот на еволуција се развил поголем мозок и очи за подобро да се наоѓаат под матно небо и во текот на долгите мрачни зими, порачуваат истражувачите на Окфордскиот универзитет.
Тие до овој заклучок дошле проучувајќи 55 човечки лобањи од дванаесет земји и региони. Утврдиле дека како човекот подалеку од екваторот така има покрупни очи поради се помалата светлина , пренесува Ројтерс.
Исто така колку посеверно живее, и човечкиот мозок е се поголем, но не затоа што е попаметен од оној кој живее појужно, туку затоа што поради намалената светлина потребен му е поголем мозочен регион задолжен за визуелно снаоѓање.
Користените примероци на лобањи, од кои некои потекнуваат уште од деветнаесеттиот век, потекнуваат од Англија, Австралија, Канарските острови, Кина, Франција, Индија, Кенија, Микронезија, Уганда и САД.
Утврдено е дека големината на очните и мозочните дупки можат директно да доведат врска со земјата на потекло на проучените лобањи. При тоа, најголем мозок имаат Скандинавците, а најмал во Микронезија.
Робин Данбар, еден од учесниците во студијата, обрнува внимание на релативната брзина со која окото и мозокот на човекот се адаптираат на условите на северните поднебја, кои ги има населено пред само неколку десетини илјади години.