Една причина е доволна – Еве зошто не би требало да останете во врска со оној со кој сте имале незаборавен интимен однос

popara6 август, 20221min00
passion-42965441920-830x0

Сите сме имале партнер со кој толку добро сме се забавувале под покривката, што веднаш сме помислиле дека тоа е најдоброто нешто што може да ни се случи.

Како и да е, што и да правите, не се венчајте со личноста која ве воведува во таков вид на интимна врска.

Не затоа што неверојатното водење љубов не е нешто што треба да го сакате засекогаш, туку затоа што највозбудливиот интимен чин не секогаш доаѓа со некој кој е емотивно стабилен.

Токму оваа нестабилност и незрелост, прави овие луѓе да „останат“ надвор од реалниот свет.

Една девојка даде пример од нејзиниот љубовен живот и подетално објасни што значи тоа:

– „Со дечко ми отидовме на патување, во текот на ноќта стигнавме во куќата на неговите родители каде имавме интимен однос, без некоја посебна резерва. Беше незаборавно, но… Не ме предупреди ниту ми кажа дека неговите родители се на само неколку метри од нас во другата соба. Дознав дури утрото и се чувствував многу лошо поради тоа. Каков човек е тој, којшто го цени интимниот однос повеќе од било што друго?“ – напиша таа.

Личноста која постојано се грижи за интимноста и само размислува за неа, создава конфузија во умот на личноста со која се наоѓа, бидејќи задоволството е толку привлечно што проценката станува премногу заматена, па си велите: „Па, ова е прилично нездрава состојба“.

Сепак, можете да доживеете неверојатно водење љубов со некој кој е емотивно зрел, кој е способен да биде внимателен, совесен партнер и во животот и во креветот. Водењето љубов е она што се гради, тоа е интимна врска која никогаш нема да се соочи со потенцијална катастрофа или ризик одеднаш да си станете здодевни еден на друг.

Тоа се нарекува добра интимна врска, здрава врска, која исто така може да биде многу задоволувачка.