Ким Кардашијан повторно на разубавување: Еве го резултатот од „болниот, но многу вреден“ третман!

popara6 август, 20221min00
kim-cover-jpg

Ким направи уште еден козметички третман за да изгледа подобро

Американската ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, на својот профил на Инстаграм откри дека подлегнала на уште еден третман, за да изгледа уште подобро.

Станува збор за ласерско затегнување на стомакот, а таа покрај фотографијата напиша:

– „Мислам дека ова е мојот омилен ласер. Болно е, но вреди“ – напиша таа со фотографија на која се гледа црвенилото, кое се проширило низ нејзиниот стомак.

Мајката на четири деца и претходно изјави дека е подготвена на многу нешта за да изгледа убаво, а изјави дека би јадела и измет, доколку тоа значи дека ќе изгледа добро засекогаш.

Ким тврди дека никогаш не легнала под нож, иако има докази дека нагласениот задник, рамните бутови и тенкиот струк не можат да бидат резултат на мајката природа.