Нередот во домот открива со какви психолошки проблеми се соочува личноста: Валканата кујна е знак на депресија

popara6 август, 20221min00
360_F_1106456_CWGv0EGm9WYZDk6qMFlme1GHn1umfX

1. Ако отпадот и кантата за ѓубре се скриени, а куќата изгледа уредно на прв поглед, тогаш сопственикот на таква куќа се обидува да им се прикаже на другите во најдобро светло, често дури и носи маска. За таквите луѓе најважно е да создадат позитивна слика за себе, дури и по цена на заблуда и илузија.

2. Скршените работи во домот укажуваат на тоа дека личноста не е способна сама да си ги реши проблемите, туку чека некој друг да го направи тоа за неа. Вообичаено, таквите луѓе гледаат на животот преку „розови очила“, не прават конкретни планови и живеат од ден за ден.

3. Натрупаното биро обично зборува за инфантилност, ексцентричност и преценета самодоверба. Но, понекогаш преполната маса може да зборува за генијалност и развој на креативни квалитети, само ако човекот лесно може да ја најде вистинската работа меѓу нередот. Ако корпата за отпадоци е секогаш полна, како и корпата за перење, тогаш личноста има тенденција да одолговлекува, односно претпочита да ги одложува работите за подоцна.

4. Ако на влезот во куќата има чувство на празнина, односно практично нема мебел, садови, работи и слично, тоа може да значи дека сопственикот на домот е инфантилен и  дека му треба некој да создадете пријатна средина. Честопати, овие луѓе чувствуваат дека не можат да бидат среќни кога се сами.

5. Валканата кујна може да биде знак за депресивно расположение. Дури и луѓето кои не сакаат чистење се обидуваат да ја одржуваат кујната чиста, пред се од хигиенски причини. Лицата со намалена енергија, генерално  го запоставуваат домот најпрво од кујната (дамки, измастени садови во мијалникот…)