
Студијата објавена во списанието „Personality and Individual Differences“ опфатила 827 жени поделени во три групи: висока плодност (од 18 до 26 години), ниска плодност (27 до 45 години) и менопауза (46 години и постари).
Се чини дека во сето тоа најголема улога не игра ниту партнерот, ниту љубовниот статус, туку биолошкиот часовник и неговото гласно отчукување.
Во 30-тите, но и во раните 40-ти, жените често откриваат нова страна на сопствената сексуалност, па на многу забавата во кревет им станува омилена активност.
Како што пренесува B92.net, експертите оваа појава ја објаснуваат со отчукувањето на биолошкиот часовник и желбата да се „искористат преостанатите години за создавање потомство“. Лаички кажано, како што жените стареат, тие водат љубов се повеќе – и тоа многу повеќе.
Студијата објавена во списанието „Personality and Individual Differences“ опфатила 827 жени поделени во три групи: висока плодност (од 18 до 26 години), ниска плодност (27 до 45 години) и менопауза (46 години и постари).
Врз основа на одговорите на учесниците во онлајн анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години (оние во категоријата со ниска плодност) имаат „зголемен сексуален нагон како одговор на опаѓањето на плодноста“ и имаат „чести сексуални фантазии и активен сексуален живот , па спремни се за повремен секс“.