Дознајте го значењето: Еве што значи кога партнерот ќе ве допре по ОВИЕ делови од телото

popara7 август, 20221min00
Couple,Touching,With,Heads,Before,Kissing.,He,Is,Looking,At

Колку пати не сте успеале да ги протолкувате сигналите што ви ги испраќал партнерот и не сте можеле да одредите дали вредело вашето потрошено време? Еве што значи кога партнерот ќе ве допре на одредени делови од телото.

Лице
Ќе помислите дека мажите не би биле особено заинтересирани за лицето на девојката, се додека таа има големи гради и задник, но тоа навистина не е така. Многу почесто, мажот ќе биде привлечен од девојка која има убава насмевка и пријатни очи, отколку онаа која има само големи атрибути.

Ако некој сака да ви го допира лицето кога сте заедно, тоа е знак дека сака да ви се доближи. На женското лице, мажите најмногу внимание посветуваат на усните, кои ги сметаат за најсензуални во целата приказна.

Коса
Кога еден дечко ја допира косата на девојката, тоа дефинитивно значи дека развил романтични чувства кон неа.

Под претпоставка дека се познавате долго време и не сте сигурни дали тој го чувствува истото кон вас како и вие за него, едноставно обрнете внимание на тоа дали тој има навика да ви ја вади трга косата од лицето.  Ако е така, знајте дека тајно е заљубен во вас.

Раце
Кога еден дечко ќе ве фати за рака, тоа е недвосмислен знак дека му се допаѓате. Всушност, сè внатре во него вреска од желба да ви ги открие своите чувства. Со стискање на вашата рака, тој се надева дека ќе разберете што чувствува без да мора да ви каже.

Размислете: дали имате навика да држите за рака некој што го сметате само за пријател? Ист е случајот со момчињата. Ако ве гледа само како пријателка, би ги држел рацете подалеку од вашите.

Нозе
За разлика од претходно споменатите делови од телото, нозете се понежниот сектор на телото на жената и навистина нема потреба мажите да ги допираат освен ако не се луди по вас. Повеќето мажи ќе се свртат кон девојка која има убави нозе.

Ако на целата приказна додадете мини здолниште и штикли, добивате микс со кој нема грешка. Значи, ако тој има навика да ви ја става раката на коленото, нема сомнеж дека го привлекувате

Колкови или половина
Дечко кој е доволно храбар да ги стави рацете на колковите на една жена, потајно и кажува дека сака таа да биде негова. Во тој момент нема повеќе играње и бркање. Можете да бидете апсолутно сигурни дека му се допаѓате до максимум и не може повеќе да се држи настрана од вас.

Ова е моментот кога сите маски паѓаат и картите се поставени на масата. Нема повеќе блефирање. Не го држете на тенок мраз, туку кажете му дека го чувствувате истото.