
Како што постојат „црвени знамиња“ кои укажуваат дека е време да ја напуштите врската, исто така има и „зелени знамиња“ кои велат дека сте ја нашле вистинската личност за вас.
Тоа значи дека имате некој, кој успева да ги препознае вашите потреби и да ги задоволи.
Експертите за врски ги открија зелените знамиња и добрите знаци кои можете да ги препознаете кај вашиот партнер.
1. Добро се познаваат себеси и задоволни се со себе
Ова обично значи дека личноста знае што ѝ треба во романтична врска и е подготвена да биде отворена и искрена во разговорите со вас и со другите луѓе. Според експертот за врски, Лорел Хаус, еден од показателите е фактот дека некој се грижи за себе.
Редовната физичка активност и здравата исхрана покажуваат дека се работи за посветена личност која има приоритети.
2. Тие го почитуваат вашето „не“
„Тоа е голема работа. Вашето „не“ не бара објаснување и дополнителни преговори“, рече лиценцираната брачна и семејна терапевтка, Жаклин Мендез.
Тоа значи дека за вашиот партнер, фокусот не е само на вашата физичка врска. Се разбира, физичката страна на романтичната врска е важна, но ако тоа е нечија главна или единствена грижа и фокус, тогаш зборуваме за црвено знаме.
Но, ако некој се интересира за вас и го интересира се што е поврзано со вас, а не само прашањето што може да добие од врската, тогаш тоа е дефинитивно зелено знаме.
Што мислите вие, кои се зелените знамиња што треба да ги има во секоја врска?