Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал објавија иста фотографија на социјалните мрежи и споделија прекрасни вести – Дали следува помирување?

popara9 август, 20221min00
1078939_1411425-2004kadic-ff_ls

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се уште се топ тема во медиумите, иако ставија крај на бракот во 2018 година. Јавноста будно го следи секој детал од нивната врска, а сега поранешните сопружници доста изненадија со своите постапки.

Имено, нивниот постар син Јаман наполни 14 години, а гордите мама и тато оваа среќна вест ја објавија на своите „Инстаграм“ профили и со идентична фотографија му го честитаа роденденот на синот.

Со оваа објава, почнаа шпекулации дека се смириле, а многумина би сакале популарната Емина повторно да ја видат во прегратките на Мустафа.

– „Сине, моја мотивација и инспирација. Мојата сила и моето сидро, мојата причина да верувам безусловно во љубовта. Толку сум му благодарна на Бога што те донесе на мојот пат… Ти благодарам што си најдобриот поголем брат… што штитиш, се грижиш и сакаш“ – емотивни зборови што ги испрати до нејзиниот син Емина.

Објавата на Емина можете да ја погледнете ТУКА.

– „Колку и да растеш, твоите таленти, ум и харизма ќе се зголемат, созреваат и напредуваат за да станеш маж. Секогаш ќе останеш таков во моето срце и до крајот на мојот живот. Среќен роденден мил мој сине, те сакам многу.“

Објавата на Мустафа можете да ја погледнете на овој ЛИНК.