
Многумина од нас пораснаа со овие зборови, но дали оваа теорија е точна?
Јадењето пред пливање може да биде опасно ако планирате да пливате „напорно“, но и ако планирате лесно рекреативно пливање, не би требало да бидете изложени на ризик од сериозни грчеви.
Доколку сте конкурентен пливач или планирате да пливате така што тоа предизвикува напор кај вас, не пливајте веднаш по оброкот.
– „Јадењето голем оброк, а потоа одењето на напорен тренинг за пливање може да доведе до проблеми како гадење или повраќање“ – истакнува тренерот за триатлон, Џон Роудс.
Прејадувањето и консумирањето премногу зачинета или кисела храна може да предизвика грчеви во стомакот дури и во нормални околности, затоа избегнувајте ја оваа храна пред да пливате.
Алкохолот, од друга страна, може да биде многу опасен кога се комбинира со пливање. Ја нарушува координацијата, расудувањето, рамнотежата, реакцијата на студ и способноста за безбедно пливање.