
Овие намирници имаат силни антивоспалителни и антибактериски својства
На сите ви се случило ден пред некој важен настан да ви се појави мозолче на видно место на лицето – на брадата, челото, покрај носот…
Тогаш на нервозата и нема крај.
Сепак, добрата вест за сите на кои им претстои важен настан (прослава, полагање испит, состанок…) е дека овој проблем може да се реши, преку ноќ! За работите да бидат уште подобри, веројатно веќе имате се што ви треба.
Мед
Медот е широко употребувано средство во народната медицина, поради неговите антивоспалителни и антибактериски својства. Тоа е и одличен препарат за нега на кожата. Само ставете една до две капки мед на местото каде што имате мозолчиња и оставете да делува преку ноќ. Исплакнете го следното утро, а резултатот нема да ве разочара.

Мраз
Работата е прилично едноставна. Треба да завиткате коцка мраз во крпа и да ја ставите на местото каде што се појавило мозолчето. Студеноста на мразот ќе помогне отокот на мозолчето да се спушти и мозолчето да спласне самостојно. Избегнувајте да ставате мраз директно на лицето и повторете ја постапката двапати.
Зелен чај
Зелениот чај има силно антиинфламаторно дејство кое се покажало како ефикасно против црвенило и отоци. Треба само да сварите кесичка зелен чај и да ја оставите да се излади. Кога ќе се олади, само држете ја на местото каде што ви пораснало мозолчето.
Масло од чајно дрво

Измешајте масло од чајно дрво со некои од основните масла, како кокосово масло, и намачкајте ја смесата на мозолчето. Оставете да делува неколку часа, а потоа измијте со топла вода.
Алое вера
Алое верата е секако еден од најценетите природни препарати, без разлика на проблемот со кожата. Оваа магична билка ја смирува и регенерира кожата, а нејзиниот гел може да помогне во чистењето на мозолчињата доколку се нанесе и се остави преку ноќ.
Дали знаете некој друг природен препарат кој за кратко време успешно го решил проблемот со мозолчињата? Пишете ни во коментари!