САЛАМА ОД ЧОКОЛАДО И ЛЕШНИК! Мало слатко задоволство! (РЕЦЕПТ)

popara14 август, 20221min00
Screenshot_6

Нека не ве лаже името на ова слатко, бидејќи не е класична салама, туку од чоколада, бисквити и лешници. Се прави без печење за само десет минути, уживајте!

 

 

Состојки:

 

  • 250 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр бисквити
  • 100 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • три поголеми јајца
  • две лажици рум
  • две лажици какао во прав
  • 200 гр лешници
  • две лажици шеќер во прав

 

Подготовка:

 

Чоколадото растопете го на пареа, а со раце искршете ги бисквитите на парчиња. Путерот со шеќерот се мати со миксер, па се додаваат јајцата едно по едно, непрекинато матење. Потоа додадете рум. Измешајте го какаото во чоколадото, а потоа соединете ја добиената смеса со смесата од жолчки. На крајот измешајте ги лешниците и бисквитите, соединете ги, па изладете ги во фрижидер дваесетина минути. Потоа со раце формирајте ја саламата, поросете ја со шеќер во прав и послужете.