
Тенка и сува, дехидрирана коса во никој случај не е пожелна.
На сушењето, пукањето и евентуалното опаѓање влијаат различни фактори, како што се временските услови, стресот, промената на годишните времиња, исхраната и слично.
Ако зборуваме за лето и одење на море, важно е да се напомене дека морската сол, сонцето и хлорот кој се става во водата во базените можат да бидат многу штетни за косата.
Има голем број на препарати кои ја снабдуваат косата со хранливи материи кои ја обновуваат косата, но честото менување, за да се најде вистинскиот, може и да ја оштети косата.
Сепак, можете сами да ги направите препаратите и да ги користите мешајќи ги со шампон. Станува збор за есенцијални масла од мандарина и рузмарин, кои можете да ги набавите во продавници за здрава храна, парфимерии или специјализирани продавници за есенцијални масла.

Се подготвува така што неколку капки етерично масло се мешаат со 700 мл шампон и убаво се протресува шишето. После тоа, редовно мијте ја косата со оваа смеса.
Бидејќи содржината на масло е исклучително мала, нема ризик косата да стане мрсна. Споменатите масла се многу подобри од рицинусовото, на пример, што е малку помасно. После еден месец редовна употреба, резултатите ќе бидат видливи.