Ја засени мајка си: Вака изгледа ќерката на МОНИКА БЕЛУЧИ која порасна во вистинска ПРИРОДНА убавица (ФОТО)

popara16 август, 20221min00
7f5106211632e74b86e81621ca4679228ffdebb5

Нејзината убавина ги остава сите без здив

Познатата актерка Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. Таа ги маѓепса сите со својата сензуалност и неверојатна убавина, што и овозможи да се пробие и во Холивуд.

Ја започна својата кариера како модел, а потоа се впушти во актерството и постигна вртоглав успех. Таа има две ќерки, Дева и Леони, од бракот со францускиот актер Винсент Касел.

Screenshot 2022-08-16 123816
Screenshot 2022-08-16 123839

Постарата ќерка Дева порасна во вистинска убавица и плени со својот природен изглед. Како што изгледа, наследничката на познатата актерка ќе ја надмине својата мајка по убавина.

Младата Дева веќе се занимава со мода и е заштитно лице на брендот „Dolce & Gabbana“. А кога ќе ги погледнете нејзините фотографии ќе ви стане јасно зошто веќе сите велат дека ќе биде поубава од мајка си.