Никој не зборува за овие 4 работи во сексот после триесеттата, а би требало – СЕ СЕ МЕНУВА!

popara16 август, 20221min00
676

Кај мажите најчестиот проблем во младоста е прераната ејакулација, додека кај жените тоа се потешкотиите поврзани со постигнувањето оргазам.

Како што влегувате во 30-тите, работите се менуваат и таа промена не е нужно лоша или добра – само треба да се прилагодите на неа.

  1. Потребно е подолго време за да се возбудите, но и да ја достигнете кулминацијата

Бидејќи нивото на полови хормони во телото е пониско, очекувано е „напалувањето“ повеќе да не трае неколку секунди. Иако сексуалниот стимул стигнува до мозокот, потребни се најмалку пет до десет минути телото да се доведе до состојба на вистинска возбуда. Затоа дефинитивно е подобро предиграта да трае подолго, а добрата вест за сите кои се жалат дека сексот со партнерот е прекраток е што самиот чин во просек трае од две до пет минути.

  1. Оргазмот е почест

Ова првенствено се однесува на жените, кои често се позадоволни од својот сексуален живот во 30-тите отколку во 20-тите. Причината за сè почести оргазми е подобро познавање на сопственото тело и поголема самодоверба, што овозможува подобра комуникација со партнерот и негово „водење“ во кревет. Така, една неодамнешна студија на списанието Топ Санте покажа дека 80 отсто од жените во четириесеттите се поактивни во сексот отколку во нивните 20-ти.

  1. Хормоните влијаат на гениталиите

Влијанието на хормоните, начинот на живот, контрацепцијата и разните нарушувања поврзани со болести на тироидната жлезда, заморот, депресијата и стресот имаат влијание врз самиот сексуален живот. Жените во 30-тите може да доживеат потешко навлажнување поради нив, што не е нешто за што треба да се грижите, туку евентуално да ги истражите причините и да ги олесните работите со подолга предигра и лубриканти. Кај мажите може да се случи слично, да имаат послаба и поретка ерекција, која може да биде последица на уринарни инфекции, стрес и хормони.

  1. Има помалку секс, но значи повеќе

Факт е дека луѓето имаат помалку секс во доцните 30-ти, но тоа не мора да значи ништо лошо, бидејќи тоа е последица на обврските, родителството и хормоналните промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 70 отсто од мажите и жените веруваат дека нивниот сексуален живот станал подобар, дека сексот не се „одработува“, туку дека во него се ужива повеќе и дека носи повеќе емоции.